Бракот на работ на распаѓање…
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, се најде во центарот на скандал од неверојатни размери, бидејќи бразилските медиуми пренесуваат дека славниот Аргентинец ја изневерил својата сопруга Антонела.
Имено, една од најскладните спортски парови наводно е на чекор од развод. Според медиумите, аргентинскиот фудбалер по 15 години брак ја изневерил сопругата и мајката на неговите три деца со позната новинарка која ја следи аргентинската репрезентација.
Тоа е Софија Мартинез, која на својот Инстаграм има фотографии и видеа со Меси.
Меси и Антонела важеа за еден од омилените парови во Аргентина.
Гласините за можна криза меѓу двојката започнаа по церемонијата за „Златната топка“ во 2023 година, каде Меси по осми пат беше прогласен за најдобар играч на светот. Во видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, играчот го врти лицето додека жена се обидува да го бакне.
Освен тоа, вниманието на интернет го привлече и фактот што Антонела не излезе на сцената со децата за да ја прослави освојувањето на Златната топка на нејзиниот сопруг.