ГО ЗАСЕНИ И РОНАЛДО:Главната ѕвезда на зимскиот преоден рок блесна на своето деби, претставувајќи им се на Саудијците на брилијантен начин (Видео)

Колумбискиот напаѓач Џон Дуран беше најголемата ѕвезда во зимскиот преоден рок, откако го направи најскапиот трансфер во текот на јануари, а вечерва блескаше на првенственото деби за својот нов клуб. Дуран за 77 милиони евра од Астон Вила се пресели во Саудиска Ал-Наср, за која вечерва на дебито во саудиската Премиер лига постигна два гола.

Дуран одигра брилијантно во победата на Ал-Наср над Ал-Феих од 3-0, постигнувајќи два гола, засенувајќи го Кристијано Роналдо, кој постигна еден гол.

Дуран најпрвин погоди во 22. минута со брилијантен и одмерен удар од работ на шеснаесетникот, а во 72. минута го удвои водството на Ал-Наср на 2:0. Потоа брилијантно го совлада голманот и ја испрати топката во голот.

На 3:0 зголеми Кристијано Роналдо во 74. минута и тоа се покажа како конечен резултат на натпреварот.

Дуран одлично ја започна својата сезона во саудиската Премиер лига, откако претходно играше за Ал-Наср на еден натпревар од азиската Лига на шампиони.

Ал-Наср моментално е третопласираната екипа на табелата во саудиското првенство со 41 бод, додека лидерот Ал-Итихад има осум бода повеќе.