Го обвинила за силување, па „направиле пријателска спогодба“: Откриено колку го чинела зделката раперот

Како што наведуваат во нивното соопштение, „побарувањата во тужбата ги решиле на обострано задоволство“.

Двете страни додадоа дека повеќе детали за условите од договорот нема да бидат јавно објавени.

„Решив да го решам ова прашање спогодбено под услов да имам одреден степен на контрола“, рече Кеси Вентура. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство, фановите и адвокатите за нивната непоколеблива поддршка“, рече пејачката.

А раперот истакна дека сакале се да решат „пријателски“.

„Одлучивме да го решиме ова прашање на пријателски начин. На Кеси и на нејзиното семејство им посакувам се најдобро. Љубов“, рекол Пи Диди во својата изјава, пренесува Кликс.

Вентура и Комбс се запознале во 2005 година, кога таа имала 19 години, а тој 37. Потоа била потпишана со неговата издавачка куќа Bad Boy Records, а двајцата подоцна почнале да излегуваат. Во својата тужба, Кеси тврдеше дека била заробена во десетгодишен „циклус на злоупотреба, насилство и сексуална трговија“.

Според некои извори, спогодбата меѓу Диди и Кеси го чинела раперот 100 милиони долари.

Во меѓувреме, друга девојка упати обвиненија против П. Диди.

Обри Оди изјави дека ја поддржува Кеси откако нејзината тужба стана јавна. Целосно ја поддржувам“, објави поп ѕвездата пред два дена.