Го преживејаа земјотресот во Сирија но кобната судбина ги стигна во Сирија: Родители и пет деца изгореа во пожар

Седумчлено семејство од Сирија, родители и пет деца загинаа во пожар што ја зафати куќата во Турција, каде што престојуваа откако го преживеаја минатонеделниот земјотрес, јавуваат локалните медиуми.

Турската државна агенција Анадолу, повикувајќи се на писмено соопштение на главниот јавен обвинител на Коња, објави дека овој петок избувнал пожар во еднокатна куќа во која живееле 14 лица. Седум лица кои се повредени во инцидентот се на болничко лекување, се вели во соопштението на Ал Џезира.

Анадолија, исто така, јавува дека семејството се преселило во централниот регион на Коња пред само неколку дена од градот Нурдаги во југоисточната турска провинција Газиантеп, кој беше тешко погоден од земјотресот на 6 февруари.

Во соопштението се наведува дека на лице место се извршени потребните истраги, а е назначена и стручна комисија.

„Го видовме пожарот, но не можевме да интервенираме. Девојчето кое се спаси скокна од прозорецот“, изјави жителот Мухсин Чакир за Анадолу.

Петте деца кои загинаа биле на возраст меѓу четири и 13 години, јавува Анадолија.

Во Турција живеат околу четири милиони Сиријци.