Snapchat има повеќе од 750 милиони месечни корисници

Snapchat постигна нова пресвртница со преминувањето на границата од 750 милиони месечни активни корисници.

Компанијата истакна дека има повеќе од 375 милиони дневни корисници и иако тоа е многу помалку од 2,96 милијарди месечни и 2 милијарди дневни активни корисници на Facebook, охрабрува фактот што бројот на корисници на Snapchat сè уште расте, пренесува UNA.

Snap на состанок на инвеститори објави дека е на пат да достигне една милијарда корисници во следните две до три години.

Повеќето од корисниците на Snapchat се надвор од Северна Америка, каде што апликацијата има повеќе од 150 милиони месечни активни корисници.