“ГРАЃАНСКА ВОЈНА ИЛИ…“ – Првиот советник на Володимир Зеленски тврди: “Во следните 48 часа ќе се знае судбината на Владимир Путин!“

Советникот на украинскиот претседател, Михајо Подољак, тврди дека наскоро ќе се знае судбината на рускиот претседател Владимир Путин, во контекст на вооружениот бунт на Евгениј Пригожин.

Во следните 48 часа ќе биде дефиниран новиот статус на Русија“, напиша Михајо Подољак во саботата во објава на социјалната мрежа Твитер.

Или целосна граѓанска војна или договорен трансфер на власта, или привремен одмор пред следната фаза од падот на режимот на Владимир Путин“, напиша Михајо Подољак, советник на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.