Груби: „Бехтел и Енка“ со истите посебен закон и договор гради и во Србија

 – Со истиот посебен закон и со истиот договор фирмата „Бехтел и Енка“ гради и во Србија, каде што денеска државните власти пуштија во употреба дел од автопатот, објави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците на Фејсбук.

– И кај нас специјалниот закон го изгласа Собранието, се потпиша договор со истата компанија за изградба на коридорите 8 и 10Д, а неделава Владата плати 117 милиони евра за аванс и мобилизација, наведе Груби во објавата.

Тој посочува дека лажните вести и блокадата на опозицијата во Собранието не можат да ја запрат изградбата, туку само ја поскапуваат и го продолжуваат рокот за завршување.

– Зависи од самите пратеници дали ќе се гради поевтино и побрзо или поскапо и подолго, додава Груби во објавата.