Група малолетници силувале девојче (13) Хорор среде парк! Напаѓачите го принудиле момчето на жртвата да гледа сè!?

Полицијата на сицилијанскиот град Катанија денеска соопшти дека 13-годишното девојче, кое во четвртокот беше жртва на групно силување, ги идентификувало двајцата малолетни напаѓачи.

Идентификацијата е направена откако се построиле седуммината осомничени, сите се Египќани, додава полицијата.

Од друга страна, девојката не успеала да ги идентификува преостанатите петмина кои наводно биле дел од таа група, тврдејќи дека не им ги гледала лицата и не сакала да обвинува невини луѓе, пренесува Анса.

Нив ги идентификувал 17-годишното момче на жртвата, кое наводно било принудено да го гледа силувањето додека групата го држела под закана.

Една од бандите, наводно, признала и дека учествувала во злосторството во градот на источниот брег на Сицилија.

Полицијата додала дека девојката ги „молeла“ силувачите да не ја повредат и да пуштат.

Злосторството се случило во паркот на Вила Белини во Катанија, каде што жртвата била силувана од двајца осомничени додека другите гледале.

Италијанскиот премиер Џорџо Мелони во саботата изрази солидарност со девојчето и најави дека државата ќе обезбеди правда.