Групна венчавка за над 2.100 двојки во Индија

– Точно 2.143 парови неодамна учествуваа на групна свадба одржана на северот на Индија, со што е поставен нов светски рекорд.

Свеченоста се одржа минатиот месец во областа Баран во сојузната држава Раџастан, а ја организира невладината организација „Шри Махавеер Гаушала Каљан Санстан“. На групната венчавка присуствувале и владини претставници. Настанот сега е заведен и во Гинисовата книга на рекорди.

„За време на настанот беа озваничени и хиндуистички и муслимански бракови. Владините претставници присутни за време на свеченоста издале потврди за брак за секоја двојка“, се вели во соопштението.

На настанот беше соборен светскиот рекорд за најмногу склучени бракови за 12 часа и за 24 часа, што 2013 година го поставија 963 двојки од Јемен.