Полицијата одговори со солзавец врз група демонстранти кои фрлаа камења и молотови коктели кон безбедносните сили.
Илјадници луѓе протестираа во Грција во текот на вчерашниот ден поради безбедносните недостатоци во железничката мрежа повеќе од две недели откако десетици луѓе загинаа во најсмртоносната железничка несреќа во земјата.
Конфедерацијата на грчките државни службеници и Генералната конфедерација на грчките работници повикаа на 24-часовен штрајк за да привлечат внимание на несреќата.
Додека во штрајкот учествуваа бројни работници од различни сектори, во Атина е запрен јавниот превоз, а летовите се откажани.
Илјадници активисти кои се собраа во Атина маршираа до зградата на парламентот на плоштадот Синтагма. Полицијата одговори со солзавец врз група демонстранти кои фрлаа камења и молотови коктели кон безбедносните сили.
Група активисти нападна паркиран автомобил на Олга Јеровасили, пратеничка на главната опозициска партија СИРИЗА, која учествуваше во протестот.
Во текот на протестот поради железничката несреќа во Солун и Патра дојде до судир помеѓу полицијата и демонстрантите, а полицијата и таму интервенираше со солзавец. Демонстрантите исто така бараа казна за оние кои се одговорни за судирот на патничкиот и товарниот воз во кој на 28 февруари загинаа 57 лица.
TRT Balkan