Дали Вања и Панче биле злоставувани!? Обдукцијата сè уште не е готова а еве кој е следниот чекор

Извештајот од обдукцијата сè уште не е комплетен, а во тек е размена на информации меѓу обвинителот кој ја води истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Тоа значи дека шпекулациите за наводна злоупотреба на двајцата убиени паѓаат во вода.

Повеќе детали ќе бидат познати кога ќе биде презентиран извештајот од обдукцијата.

– Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина. Обдукцискиот извештај сè уште не е составен и доставен до обвинителството – соопштија од Обвинителството.

Тие додаваат:

– Во тек е истрага за дејствијата на сите инволвирани, за што секојдневно се собираат усмени и материјални докази и меѓусебно се споредуваат. Државното обвинителство апелира во текот на истрагата да не се шират непроверени информации кои можат да и’ наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста.