Двајца осудени во случајот „Монструм“ ќе бидат ослободени доколку во Собранието се изгласа Законот за амнестија

Хаки Азири и Фејзи Азири, двајцата осудени за „помагање“ во случајот „Монструм“, осомничен монтиран случај, можат да бидат амнестирани доколку во Собранието помине Законот за амнестија што го подготви Министерството за правда.

Ова за ТВ21 го потврди Насер Рауфи, адвокатот на осудените. Нивната амнестија може да се направи бидејќи делото што ги оптоварува е само за „помош“ за предметниот случај, додека од друга страна двајцата осудени веќе одлежале две третини од казната.

Хаки и Фејзи Азири се осудени на 9 и 15 години затвор за помагање во убиството на 4 момчиња и уште едно лице кај Смилковското езеро на периферијата на Скопје.

Министерството за правда подготви предлог закон за амнестија, со образложение за олеснување на состојбата во македонските затвори.