Паника во Русија? Се огласи Путин

Рускиот претседател Владимир Путин во средата предупреди за ситуацијата на пазарот на гориво во земјата.

Загриженост изрази и министерот за економија Антон Силуанов, кој посочи дека министерството ќе работи на решавање на проблемот.

„Цените растат, компаниите сакаат да остварат максимален профит со извозот… Треба да соработуваме поблиску со компаниите за и тие да ја сфатат својата одговорност“, рече Путин на средбата.

Веста доаѓа еден ден откако Wall Street Journal објави тензии меѓу Кремљ и нафтените компании поради растот на цените на локалниот пазар, пишува Teletrader.

Како што пишува RT на руски, Путин повика на побрз одговор на ситуацијата со горивото во Русија. Тој истакна дека е неопходно поблиска соработка со компаниите за да ја сфатат нивната одговорност во оваа ситуација.

Да потсетиме дека руската влада воведе привремени ограничувања на извозот на бензин и дизел гориво за возила со цел да ги стабилизира цените на горивата на домашниот пазар.

Кабинетот на министри истакна дека одлуката ќе доведе до заситеност на пазарот на гориво во Русија, што ќе ги намали цените за потрошувачите.

Претходно беше објавено дека руската влада е подготвена да преземе драстични мерки на пазарот на гориво поради рекордното зголемување на големопродажните цени.

Руските бензински пумпи трет месец губат пари поради поскапувањата на горивата. Пред тоа, за прв пат во историјата на Русија, берзанската цена на бензинот АИ-95 се искачи над 76.000 рубли или околу 790 долари за тон.