Кривична пријава за наставник во Берово, кој малтретирал ученик

Полицијата поднесе кривична пријава против наставничка од Берова поради постоење сомненија за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање малолетно дете“.

Станува збор за 60-годишна учителка од село Смојмирово.

„На 7 јуни годинава пријавениот С.Г.(60) од село Смојмирово, наставник во основно училиште во Берово, во работно време вербално и физички нападнал малолетник во просториите на училиштето.“ соопштија од Министерството за внатрешни работи.