Два чамци се превртеа во Калифорнија, осум лица загинаа

Најмалку осум лица загинаа откако два рибарски чамци се превртеле во близина на брегот на Сан Диего, Калифорнија. Акцијата за пребарување и спасување започна доцна синоќа, откако пожарникарите добија повик за рибарски чамци во неволја во близина на брегот на Сан Диего.

Жената која се јавила на 911 рече дека била на брод со уште осум луѓе кои стигнале до брегот, но дека имало друг брод со осум до 10 луѓе што се превртел. Противпожарната служба, полицијата и крајбрежната стража одговориле на повикот и пронашле два превртени чамци и осум тела.