Двајцата егзекутори ја пресконале оградата од вилата во Ханиоти која имала камери, дошле до прозорецот на објектот и испукале 19 куршуми.
Грчките медиуми известуваат дека според начинот на кој е убиен Орхан Бајрами – Оки се работи за нарачано убиство . Сепак, ова останува да го потврди истрагата.
Според грчкиот портал „Ин.гр“, убиството го снимиле безбедносните камери и истата снимка ја има и полицијата.
Грчките медиуми објавија снимка од вилата во која тврдат дека престојувал убиениот, неговиот пријател, 45-годишниот Сеад Слезовиќ и две жени.
Според ЕРТ, безбедносните камери снимиле патнички автомобил со странски регистарски таблички пред и по нападот, во близина на вилата во која се наоѓал убиениот Оки.
„Возилото не поминало ниту една гранична точка, па се вршат опсежни претреси за неговата локација во Грција“, велат истите полициски извори за грчките медиуми.
Според последните информации, двајцата сторители откако излегле од автомобилот го прескокнале ѕидот, застанале пред големиот прозорец и однадвор со пиштол калибар 32 мм пукале кон лицата во куќата.