ДИРЕКТНО ВО ГЛАВАТА – Роналдо од слободен удар го „нокаутираше“ камерманот, едвај остана на нозе (ВИДЕО)
Фудбалерите на Ал-Наср ја победија Ал-Раеда во 6. коло од саудиската Премиер лига во Бураида со 3:1, а освен голот кој го постигна Кристијано Роналдо, тој беше во центарот на вниманието и поради слободниот удар од кој го удри камерманот зад голот.
Во еден момент Роналдо изведе слободен удар од врвот на шеснаесетникот и шутираше покрај живиот ѕид, но наместо во рамката од голот, го удри камерманот директно во глава.
Несреќниот снимател едвај се држел на нозе откако се држел за камерата.
Роналдо погоди во 78. минута, а Ал-Наср моментално е на петтото место во саудиската лига.