ДОГОВОР КОЈ МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СЕ! Зелено светло за присуството на американски војници во срцето на Европа?

Чешката министерка за одбрана додаде дека тоа е особено важно со оглед на актуелната безбедносна состојба.

Чешкиот парламент го ратификуваше одбранбениот договор, кој обезбедува рамка за воено присуство на САД на чешка територија , зајакнувајќи ги врските меѓу двете членки на НАТО.

Сепак, секоја конкретна одлука да се дозволи влез на американските војници ќе бара дополнително одобрување од парламентот, објави Ројтерс.

  • Договорот е целосно во наш национален интерес и сакам да подвлечам дека е доказ дека нашите односи со Соединетите Американски Држави сега се на многу високо ниво – изјави вчера во Долниот дом пред гласањето министерката за одбрана Јана Черночова.

Таа додаде дека тоа е особено важно со оглед на моменталната безбедносна состојба.

„За жал, брутална руска воена агресија се случува на само неколку стотици километри од нашите граници на исток, а на Европа и се заканува најголемиот воен конфликт од Втората светска војна“, рече таа.

Горниот дом на парламентот веќе го поддржа Договорот за одбранбена соработка, кој Долниот дом го ратификуваше денеска.

Не е јасно кога ќе биде потпишан договорот , кој исто така беше поддржан од главната опозициска партија АНО, заедно со петпартиската владејачка централно-десничарска коалиција.

Опозициската крајнодесничарска Партија за директна демократија беше единствената партија што гласаше против.