Која е вистината за „рудниците на смртта“!?

Вечерва во емисијата Во Центар со Васко Ефтов гостува министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова која ќе има тешка задача да одговори на сите прашања кои деновиве целата македонска јавност со право си ги поставува . Што е вистината за „рудниците на смртта“, дали министерот Бектеши им ја подметната на останатите министри дополнителната точка од дневниот ред за спојувањето на двете концесии во една? Дали „рудниците на смртта“ можат да ја доведат владината коалиција до „смрт“? Дали е можно да нема еколошка катастрофа со исполнување на сите стандарди за заштита на животната средина? Кој и кога ја донесе одлуката за доделување концеција за експлоатација на минерални суровини во Иловица и Штука? Против кого протестираа министрите кои беа присутни на протестот против отварање на рудниците? На овие и на многу други прашања вечерва во емисијата Во Центар ќе одговара Министерката за животна средина и просторно Каја Шукова.

Емисијата може да ја погледнете на следниот линк: