ДОДЕКА НАВИВАЧИТЕ ТАГУВААТ, ЈОКИЌ СЛАВИ И ЛУМПУВА! Го зема микрофонот, се соблече гол до половината и запеа: “Јас сам шарала, варала” (Видео)

Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ нема да игра за репрезентацијата на претстојниот Мундобаскет.

Јокиќ во понеделникот наутро и официјално му соопшти на селекторот Светислав Пешиќ дека не може да ја прифати поканата бидејќи физички и психички не е подготвен да ја преземе одговорноста што се очекува од него.

По исклучително напорната сезона, тој реши да одмори и максимално да ги оттргне мислите од кошарката, а неговата одлука ги разочара и растажи навивачите во Србија.

Јокиќ минатиот викенд приреди голема прослава поради сјајните резултати што ги постигнаа неговите коњи на трките.

Никола беше одлично расположен, со другарите лумпуваше на фолк хитови, а во еден момент и самиот се фати за микрофонот и ги покажа своите вокални способности.

Сомборацот се соблече гол до половина и ја отпеа песната на Драгослава Генчиќ: „Ја сам Јовицу шарала, варала“.

Погледнете како тоа изгледаше: