Додик: Ердоган е сериозен претседател, се залага за внатрешен договор во Босна и Херцеговина

Претседателот Милорад Додик денеска присуствуваше на инаугурацијата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Додик истакна дека Ердоган ги почитува сите партнери и дека се залага за внатрешен договор во Босна и Херцеговина.

– Имам контакти со него уште од Претседателството и претходно. Мислам дека ова е сериозен претседател. Се разбира, немам илузии, но факт е дека можеме да разговараме и дека сите партнери се почитуваат – изјави Додик пред новинарите во Анкара, пренесе РТРС.

Тој на Твитер му честиташе и на Ердоган.