ДОКТОРИТЕ ОТКРИВААТ ДАЛИ КАФЕТО И МЛЕКОТО ОДАТ ЗАЕДНО – Не е штетно, но има и негативни страни: Еве што треба да знаете за омилениот пијалок на многу Македонци

Има многу сомнежи за омилениот пијалок на Македонците – кафето. Колку често може да се пие, дали е подобро во комбинација со млеко или не ? На ова прашање одговор даваат докторите и експертите. 

Како што велат тие на почетокот, одговорот е сложен, но успеваат да го поедностават за сите.

Можете да пиете што сакате и како сакате, се зависи од тоа што ви одговара. Кафето само по себе и млекото само по себе се здрави пијалоци. Имено, кафето има одредени антиоксиданси и други фитохемикалии кои позитивно влијаат на здравјето. Млекото има и бројни хранливи материи, а во суштина кога мешаме кафе и млеко, најважно е да не се произведуваат токсични производи“, објаснуваа докторите.

Сепак, тие ги додаваат и негативните страни на оваа комбинација. Според нив, недостаток на мешањето на кафето и млекото е тоа што бавно се усвојува хлорогена киселина од кафето, која е полифенол и делува како антиоксиданс.

Затоа, на овој начин млекото малку ја успорува апсорпцијата на корисни материи од кафето. Од друга страна, кафето ја намалува и апсорпцијата на калциум од млекото.

Кафето и млекото малку се мешаат меѓу себе како лек во смисла дека интеракцијата ја намалува апсорпцијата на корисни материи од двете течности“, велат докторите. 

Тие истакнуваат и една работа на која треба да внимаваме. Се работи за калории!

Денес за пијалоци како што се разни шејкови на база на кафе, многу често се користи полномасно млеко со 10% млечни масти, што е многу вкусно. Тие калории можат да бидат на ниво на еден оброк, а тоа воопшто не е кафе“, заклучуваат тие.