„Доларот е многу проблематична валута овие денови“

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека дедоларизацијата станува реалност благодарение на проблемите со американскиот долар.

Во интервју за турскиот весник Ајдинлик, Захарова истакна дека статусот на доларот како глобална валута се соочува со тешкотии и укажа на економските кризи поврзани со американскиот финансиски систем.

„Доларот е многу проблематична валута овие денови. Ова не е моја политичка гледна точка, туку објективен економски факт“, изјави Захарова за турскиот весник, пренесува Teletrader.