Средба Путин-Ердоган утре во Сочи: Позната е главната тема на разговор

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган утре ќе се сретнат во Сочи.

Освен билатерални прашања, главна тема на разговор ќе биде и договорот за извоз на жито од црноморските пристаништа.

Анкара ги интензивираше своите напори во последниве недели да го обнови коридорот за жито за да помогне во олеснувањето на глобалната криза со храна.

„Ние играме водечка улога овде. Гледаме силна поддршка од целиот свет за спроведувањето на коридорот за жито“, рече советникот за надворешна политика на Ердоган, Акиф Чагатај Килиќ.

Како што рече, Анкара ги признала техничките компликации околу договорот, особено во однос на руското жито и механизмите за плаќање, пренесува Ројтерс.

„Ние сме резервирани, но се надеваме дека ќе постигнеме успех бидејќи оваа ситуација го погодува целиот свет“, рече Килиќ.

Русија и Украина се главните извозници на жито.

Путин во телефонскиот разговор на 2 август му рекол на Ердоган дека Москва е подготвена да се врати на Црноморскиот договор за жито штом Западот ги исполни своите обврски во однос на рускиот извоз на жито.