Дојави за бомби во скопски и прилепски училишта

Дојави за бомби попладневно пристигнале во неколку скопски училишта. Евакуирани се учениците во скопските гимназии „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Панче Арсовски“ и спортската академија.

– Денеска (15.02.2023) до 14.40 часот во МВР било пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и четири училишта во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите информираат од МВР.

Дојавите за бомби прдолжуваат и оваа недела. Вечра имаше во една скопска гимназија, а заканата пристигнала на приватни мејл адреси на професори вработени во училиштето.

Досега сите дојави за бомби во училиштата и во други објекти и институции беа лажни.