До 11 часот во Прилеп гласале 17,26 проценти од избирачите

Непречено, без проблеми се одвива процесот на гласање во Прилеп, Кривогаштани, Долнени и во Крушево, информираат од општинските изборни комисии.

До 11 часот во Прилеп своето право на глас го остварите 17,26 проценти од вкупно запишаните 62 082 избирачи, во Долнени од 11 730 избирачи до 11 часот на гласање излегле7,6 проценти, а во општина Кривогаштани на гласање излегле 14,43 насто од 4428 граѓани со право на глас.