„ДРАГ МОЈ, НАСКОРО ЌЕ СТАНЕШ ИДИОТ“: Писмото на Умберто Еко до неговиот внук е СТРАШНА ЛЕКЦИЈА за сите нас

Денес, училиштето треба да те (на)учи да се сеќавате на она што се случило пред да се родите, но не сум видел да го прави тоа како што треба, вели Еко во своето неверојатно писмо.

Умберто Еко брилијантниот италијански писател ја стекна најголемата слава со книгата Името на розата.

Живеел во Милано со сопругата Рената, историчар на уметност. Двојката имаше две деца: син и ќерка.

Еко внимателно ја следеше и луцидно ја анализираше современата култура, комуникациите, универзумот на информации и информациската естетика, што се одразува во писмото до неговиот внук:

„Драго мое внуче,

Не би сакал ова писмо да звучи премногу поучно, да ти зборувам за љубовта кон соседите, татковината, хуманоста и слично. Ти тоа не би го ни слушал (веќе си возрасен, а јас сум престар), затоа што системот на вредности се промени толку многу што моите препораки можеби не се ни соодветни. Затоа, сакам да ти дадам само еден совет што може да ти биде корисен сега кога сите користите паметни телефони. Нема да ти кажам да не го користиш телефонот од страв да не звучам како глупав старец. Јас и самиот користам мобилен телефон. Би сакал да разговараме за болеста што ја зафати вашата генерација и онаа пред вас, која веќе студира на универзитетите. Зборувам за губење на меморијата.

Вистина е дека ако сакате да знаете кој е Карло Велики или каде е Куала Лумпур, само ќе кликнете на копче и веднаш ќе дознаете од Интернет. Ќе го направете го тоа кога ви треба, а потоа ќе таа вест ќе ја зачувате, ако ви затреба за на училиште, на пример. Лошата вест е дека разбирањето дека компјутерот може да одговори на секое вашето прашање во секој момент ве одвраќа од идејата да запаметите нешто.

Овој феномен може да се спореди на следниов начин: знаејќи дека секогаш можете да одите од една до друга улица со автобус или автомобил, човекот одлучува повеќе да не оди пешки . Но, ако престанете да одите, ќе се претворите во личност која е принудена да се движи во инвалидска количка. О, знам дека спортуваш и знаеш како да го набилдаш своето тело, но назад кон мозокот. Мозокот е како мускулите на нозете. Ако престанете да вежбаш, тој ќе стане млитав и ќе се претвориш во идиот. Покрај тоа, сите ние сме изложени на ризик да развиеме Алцхајмерова болест во староста, а еден начин да ја избегнеме оваа невоља е да ја тренираме нашата меморија. Ова е мојот рецепт. Научете по една кратка песна секое утро, како што бевме принудени да правиме кога бевме деца. Можете да закажете натпревар со вашите пријатели. Ако не ви се допаѓа поезијата, тогаш запомнете го составот на фудбалскиот тим, но мора да ги знаете играчите не само на тимот за кој навивате, туку и играчите на другите тимови, како и нивните претходни состави.

Натпреварувајте се во запомнувањето на насловите на книгите што сте ги прочитале. Дали вашите пријатели се сеќаваат на имињата на мускетарите од филмот и книгата „Тројцата мускетари“?

Ако не сакате да ги читате Тројцата мускетари (тогаш не знаете што пропуштате), играјте слична игра со книгата што сте ја прочитале.

Изгледа како игра, но тоа е навистина игра, но ќе видите дека вашата глава е исполнета со ликови, приказни и секакви спомени.

Запрашајте се зошто компјутерот порано се нарекувал електронски мозок. Тоа е затоа што е моделиран по нашиот мозок, но нашиот мозок е многу помоќен и подобар.

Мозокот е компјутер кој е секогаш со вас, неговите можности се прошируваат како резултат на вежбање, додека вашиот компјутер губи брзина по долготрајна употреба и треба да се замени веќе по неколку години. И вашиот мозок нема да ве изневери додека не наполните 90 години, а на 90 години, ако го вежбате, ќе запомни повеќе отколку што се сеќавате сега. Исто така, бесплатно! Потоа, тука е историската меморија, која не е поврзана со фактите од вашиот живот или она што го читате. Ги чува оние настани што се случиле пред вашето раѓање. Денес, кога одите во кино, треба да дојдете до почетокот на филмот. Кога ќе почне филмот, како да ве водат за рака цело време, објаснувајќи што се случува. Во моето време, можеше да влезеш во Кино во секое време, дури и среде филм. Многу настани веќе се случија пред вашето пристигнување и моравте брзо да ги „пофаќате конците “. Ако ви се допадна филмот, можете да го погледнете повторно. Роден сум во време кога беше важно да знам и да разберам што се случило пред мене. Ова беше неопходно за подобро да се разберат денешните настани.

Денес, училиштето треба да те научи да се сеќаваш на она што се случило пред да се родиш, но не сум видел дека го прави тоа како што треба. Различни анкети покажуваат дека денешната младина, па дури и универзитетската младина, родена 1990 година , не знаат, а можеби и не сакаат да знаат што се случило во 1980 година, а камоли што се случило пред 50 години.

Земете во предвид дека можете да ја тренирате вашата меморија не само со помош на книги и списанија, туку и со помош на Интернет.

Интернетот е корисен и за истражување на историјата, не само за разговор со друштвото. Како изумреа диносаурусите? Како се викал предокот на бикот? Зошто пред сто години имало повеќе тигри отколку денес? Кој бил вториот папа во историјата? Кога е создаден Мики Маус?

Би можел да продолжам и понатаму за овие прашања и сите тие би биле одлични теми за истражување. Сето ова мора да се запомни. Ќе дојде денот и ќе остариш, ако го научиш и се сеќаваш на сето ова, ќе го паметиш како да си живеел илјада години. А твоите пријатели кои не истражуваат, не читаат и не се сеќаваат, ќе живеат само еден мал, краток, мизерен живот“.