ДРАМАТА НАД ЦРНО МОРЕ НЕ ПРЕСТАНУВА! По Вашингтон, се огласи и Москва – американското беспилотно летало направи голема грешка…

Американскиот дрон сам паднал во Црното Море при остри маневрирање, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Утрото на 14 март, во регионот на полуостровот Крим, забележано е дека американско беспилотно летало се приближува до државната граница на Руската Федерација  – објаснија од руската воена управа.

Како што се посочува, американскиот дрон летал со исклучен транспондер и ја нарушил границата на регионот. Руските авиони-ловци беа подигнати.

– Поради остри маневрирање, американскиот дрон изгуби контрола и надморска височина, и се судри со водната површина – посочија од Министерството за одбрана. Руските авиони не користеле оружје.

Да потсетиме, руски борбен авион се судри со американски дрон за набљудување над Црното Море, соопшти американската војска, а пренесе Би-би-си.

Западни воени извори претходно во вторникот изјавија за АФП дека имало „инцидент“ со беспилотно летало Reaper од американско производство кое летало над Црното Море, област на интензивна воена активност на НАТО во близина на борбените линии на Украина.

Командантот на здружените сили на НАТО во Европа, Кристофер Каволи, ги информирал сојузниците на алијансата за воздушниот инцидент со рускиот Су-27 и американскиот дрон МК-9 над Црното Море, јавува Ројтерс, повикувајќи се на извор во НАТО.

Според тоа, САД го повикаа рускиот амбасадор Анатолиј Антонов во Стејт департментот во врска со инцидентот со дрон во Црното Море, соопшти Белата куќа.