ДРАМА НА АЕРОДРОМ! Влетал во автомобилот и почна да гази луѓе – некои се повредени

Полицијата соопшти дека има индиции дека мажот има проблеми со менталното здравје.

Неколку лица се повредени кога маж влетал со автомобил во неколку пешаци и автомобили во паркинг гаража на германскиот аеродром Келн-Бон во петокот, јави германската новинска агенција dpa.

Полицијата соопшти дека има индиции дека мажот има проблеми со менталното здравје.

Според германскиот таблоид Билд, мажот дал отпор при апсењето пред да биде совладан од полицијата. Во таа прилика биле повредени двајца полицајци, пишува Билд. Останува нејасно колку се сериозни повредите на пешакот. Други детали за инцидентот се уште не се достапни.