Драма! Ракети паѓаат врз Молдавија, Европа на работ на нова војна! Никој не знае од каде доаѓаат мистериозните проектили!

Најмалку две противвоздушни ракети С-300 паднаа на територијата на Молдавија, објави платформата „Первиј Преднестровски“.

Една ракета паднала, како што пишува Киев пост, во рурална област во западна Молдавија во близина на селото Читкани, кое се наоѓа во молдавскиот регион Придњестровје, лоциран покрај бреговите на Дунав.

Водачите на тој регион, како што се наведува, се проруски настроени и ги поддржува руската армија, откако во 1992 година прогласија самоотцепување од Молдавија.

Первиј Преднестровски тврди дека ракетите и’ припаѓаат на руската армија, но ваквата информација засега не е потврдена.

Локалните жители за молдавската телевизиска екипа изјавиле дека проектилот се запалил над нивната фарма во 1 часот по полноќ, а потоа паднал во поле. Боевата глава на проектилот не експлодирала и официјални лица ги собрале остатоците од проектилот подоцна во текот на денот, велат тие.

Читкани се наоѓа на помалку од 15 километри од украинската граница.

Киев пост пишува дека и украинската и руската армија користат ракети С-300 со максимален домет од околу 400 километри. Бидејќи армиите од двете страни моментално заземаат терен доволно блиску до таа молдавска локација, постои реална можност ракетата да е украинска.