Државата одлучи: Ќе го забрани доларот

Ирак забранува повлекување долари од 1 јануари следната година.

Ирак ќе забрани повлекување готовина и трансакции во американски долари од 1 јануари 2024 година во најновиот обид да се спречи злоупотребата на девизните резерви за финансиски малверзации и избегнување на американските санкции кон Иран, изјави висок претставник на ирачката централна банка.

Овој потег треба да ја спречи нелегалната употреба на околу 50 отсто од 10-те милијарди долари што Ирак ги увезува секоја година во кеш од Њујоршката федерална банка, изјави Мазен Ахмед, генерален директор за инвестиции и дознаки во Централната банка на Ирак, пренесува порталот Бизнис.

Тоа е, исто така, дел од пошироките напори за дедоларизација на економијата каде што населението, исцрпено од војните и кризите од американската инвазија во 2003 година, ја претпочита американската валута пред локалната валута.