ДУИ одговари, нема да гласа за министри од ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада

Пратениците на Демократската унија за интеграција нема да ги поддржат предлозите за министри во техничката влада кои ќе бидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа одлука на ДУИ доаѓа откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски претходно истакна дека Талат Џафери не ја заслужува поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за технички премиер и во интерес на добра атмосфера и демократски процес партијата ќе се воздржи од гласање.

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во изјава за медиумите рече дека позициите кои по закон и припаѓаат на опозицијата во техничката влада мора да останат празни додека ВМРО-ДПМНЕне гласа за таа влада.