ДУИ целосно ги поддржува уставните измени за европска Македонија

Демократската унија за интеграција целосно и без никакво сомневање ги поддржува уставните измени за европската иднина на нашата држава.

Денес, Република Северна Македонија е полноправна членка на Северноатлантската НАТО алијанса и го продолжува својот пат кон големото европско семејство.

Уставните измени се одлучувачки чекор за продолжување на интегративните преговори со Европската унија и организирање на втората меѓувладина конференција.

Демократската унија за интеграција апелира до сите парламентарни политички партии и 120-те пратеници силно да размислуваат за интересите на граѓаните и државата и да не блокираат важни процеси како што се евроинтеграциите.

Денеска во Собранието почна процесот на уставни измени и конечна определба кај нас, во нашето општество, во нашата политичка сцена, кој е за интеграција на Европа и Америка, а кој е за изолација на Русија.

Нема средина, нема алтернатива, нема друг пат!