ЕВН: Жителите на липковско Слупчане повторно не им дозволија на екипите да влезат во селото

Жителите на липковско Слупчане повторно не им дозволиле на екипите на ЕВН да работат на мрежата, соопштија денеска од ЕВН. Оттаму велат дека продолжува отпорот на мештаните од Слупчане кои денеска на екипите на ЕВН не им дозволиле да работат. На терен била присутна и полицијата

ЕВН до медиумите ги испрати и барањата на жителите на ова село во кое тие бараат да им се простат досегашни долгови кои, како што наведуваат од компанијата изнесуваат по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3.000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање и слични други барања, кои додаваат од ЕВН, се спротивни на законските регулативи.

– Пред околу три недели мештаните ветија дека ќе им дозволат на екипите на ЕВН да работат. На средба со нив беа министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи. Загубите во Слупчане се 80 проценти а наплатата е 20 отсто, велат од ЕВН.