Едно од најголемите бебиња во светот тежело 7,3 килограми! Погледнете како изгледа ДЕНЕС… (ФОТО/ВИДЕО)

Американецот Кевин Кларк е роден во 1983 година во Њу Џерси кога тежел нереални 7,3 килограми. Потоа влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголемото бебе родено во таа американска држава и едно од најголемите во светот.

Неговата мајка Патриша Кларк била шокирана кога го видела својот син за прв пат. Таа веднаш се пошегувала дека ќе мора да купат нова облека, бидејќи таа што му ја подготвиле му била премала.

Кевин денес има 40 години, а растејќи секогаш бил повисок од сите деца во друштвото. На само 12 години тој беше висок 170 сантиметри, а само неколку години подоцна порасна и до 195.

Денес, Кевин е висок 205 сантиметри и тежок 136 килограми. Тој вели дека луѓето често го запираат на улица, бидејќи тој е импресивна глетка речиси за сите.

Единствените тешкотии што ги чувствува Кевин се тоа што неговите автомобили се премногу тесни, тушевите се премногу ниски и често мора да се наведнува за да влезе во одредени простории.