ЕК: Бугарија и Северна Македонија да избегнат непотребни тензии

Бугарија и Северна Македонија да промовираат атмосфера на дијалог и да избегнат непотребни тензии, соопшти Европската комисија за последните случувања во односите Софија-Скопје.

„Внимателно ги следиме случувањата поврзани со односите Бугарија-Северна Македонија. Европската комисија потсетува на важноста на добрососедските односи. Во овој контекст, сите страни мора да вложат напори да промовираат атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување и да ги избегнат непотребните тензии. “ изјави ЕК за БНТ .

Брисел се воздржа од коментирање на настаните од 4 февруари на границата поради тековните истраги или правни процедури.