ЕК планира да ги ублажи законите за генетски модифицирана храна

 – Во иднина многу генетски модифицирани прехранбени производи (ГМО) ќе може да се продаваат во Европска Унија без етикети во супермаркетите, се наведува во нацрт-регулативата на Европската Комисија (ЕК). 

Предлогот се очекува формално да биде претставен следниот месец.

Планираните промени значат дека процесите како што е уредувањето на гените CRISPR/Cas9 (техника на генетски инженеринг во молекуларната биологија со која може да се модифицираат геномите на живите организми) нема да подлежат на правилата на ЕУ за генетски инженеринг, доколку добиените сорти може да бидат создадени од процеси како што се вкрстување или природна селекција.

Според планираните регулативи, строгите правила за генетско инженерство ќе продолжат да важат за органското земјоделство.