Елмас сонува да игра на Светско првенство

Потешко да се најдат играчи за македонската репрезентација отколку за турската, но мислам дека репрезентацијата ќе постигне добри работи во наредните години, иако Северна Македонија не е земја од 80 милиони луѓе како Туркије, изјави Елмас за Анадолу

Фудбалерот на РБ Лајпциг и македонски репрезентативец, Елиф Елмас (24) во интервју за Анадолу вели дека сонувал да игра на Светското првенство.

„Направивме име во квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020 година и сакаме да продолжиме со успесите“, рече во четвртокот Елмас.

Поранешниот играч од средниот ред на Фенербахче и Наполи вел дека целта му е со репрезентацијата уште еднаш да учествува на Европското првенство.

„Сонувам да играм и на Светско првенство“.

Северна Македонија беше дел од Југославија пред да стане членка на ФИФА и УЕФА во 1994 година. Но никогаш не играла на Светско првенство од 1998 до 2022 година.

Сепак, Северна Македонија направи сензација и се пласираше на ЕУРО 2020, но беше елиминирана во групната фаза по поразот од Холандија, Украина и Австрија.

Но Северна Македонија не успеа да се пласира во финалето на ЕУРО 2024 што ќе започне во Германија во јуни, откако беше елиминирана во квалификациската група во која Англија и бранителот на титулата Италија беа најдобрите две селекции што резервираа место на првенството.

Изјавувајќи дека е потешко да се најдат играчи за репрезентацијата на Северна Македонија отколку Туркије, Елмас рече: „Мислам дека ќе постигнеме добри работи како репрезентација на Северна Македонија во наредните години. Северна Македонија не е земја од 80 милиони луѓе како Туркије. Имаме само 1,5 милиони жители“.

Елмас рече дека постоела можност тој да игра за турската репрезентација во 2017 година, но дека бил повикан од Северна Македонија да го облече националниот дрес.

„На 5 јуни 2017 година во Скопје, Туркије имаше натпревар со Северна Македонија кој заврши 0:0. Пред тоа, Фатих Терим, селекторот на Туркије ме сакаше за турската репрезентација, но тоа не се случи. Тогаш бев повикан во репрезентацијата на Северна Македонија. Потоа ме испратија во тимот до 21 година. На 11 јуни за прв пат го облеков дресот на Северна Македонија“.

Елмас собра 58 натпревари и постигна 12 гола за својата земја од неговото деби за Северна Македонија во 2017 година.

Тој додаде дека доколку не ја прифатил понудата на Северна Македонија, ќе добиел забрана за играње во странство на две години.

Елмас е роден во Скопје, но рече дека има роднини во Туркије.

Неговото семејство се преселило во Македонија кога била под власт на Отоманската империја.

Елмас смета дека бил успешен со својот поранешен тим Наполи.

„Имав успешен период во Наполи, иако понекогаш бев замена. Бев третиот играч со најмногу асистенции и голови по Осимен и Кварацхелија. Ја споделив радоста од шампионската титула во Серија А по 33 години во Наполи и го освоивме и Купот на Италија“.

Еиф истакна дека претпочитал да му се приклучи на Лајпциг бидејќи сакал тим во кој ќе може постојано да игра во стартните 11.

“Лајпциг е тим кој им дава шанса на младите играчи. Сега се адаптирам на германскиот фудбал. Следната година можете да го гледате целосно фит Елиф Елмас”. тој рече.

Елмас играше за Фенербахче од 2017до 2019 година и важеше за еден од перспективните играчи пред неговата голема преселба во Наполи.

Италијанскиот клуб плати 16 милиони евра за да го купи од Фенербахче.

За време на неговиот престој во Наполи, Елмас на 189 натпревари постигна 19 голови и 11 асистенции.

Тој од јануари настапува за Лајпциг, а со германскиот клуб има договор до 2028 година.

TRT Balkan