Најмалку седуммина загинати во експлозија на автомобил на пазар во Сирија

 Најмалку седум лица загинаа, а триесет се повредени во експлозија на автомобил на прометен пазар во сирискиот град Азаз, соопштија жителите и спасувачите.

Тие рекоа дека автомобилот експлодирал за време на најголемиот ноќен шопинг по прекинот на постот за време на муслиманскиот месец Рамазан.

– Дојде во моментот кога има најголема гужва, рече еден очевидец кој заедно со семејството купувал во близина на местото на експлозијата.

Се уште никој нема преземено одговорност за експлозијата.