Емотивниот говор на Шерон Стоун за нејзината борба со ракот: „Ве молам отстранете ми ги двете гради“ (ВИДЕО)

Познатата холивудска актерка Шерон Стоун неодамна доби награда за храброст на настанот на „Женскиот фонд за истражување на ракот“, а нејзиниот говор на наградата скрши многумина.

Шерон се појави на наградите, а потоа ги откри деталите од битката со ракот.

– Тие мамографи не се забавни. Отидов во болница и им реков: „Ако ме отворите и видите дека имам рак, ве молам отстранете ми ги двете дојки“, бидејќи јас не сум личност која ја дефинираат моите гради. Можеби звучи смешно бидејќи сите сте ги виделе моите гради – се пошегува таа, а потоа додаде: – Ги видовте моите гради по операцијата, а не ни знаевте дека сум оперирана- рече 65-годишната Стоун, која во 2001 година направи операција за реконструкција на градите, откако лекарите и’ ги отстранија бенигните тумори.

Да потсетиме, таа во ноември минатата година откри дека и’ бил дијагностициран тумор.

– Само имав уште една погрешна дијагноза и погрешна операција. Двојна епидурална овојпат. Како што болката се влошуваше, отидов на второ мислење. Имам голем фиброиден тумор кој мора да се отстрани – истакна таа.

Потоа им испрати силна порака на жените.

– Драги дами, не се преправајте дека не е важно, добијте второ мислење. Тоа може да ви го спаси животот. Ќе ми требаат четири до шест недели за целосно опоравување. Ви благодариме на сите за грижата. Сè е добро – изјави таа.