Емотивното барање на сопругата на болниот Брус Вилис до фотографите: „Ова е за сите што сакаат да добијат ексклузива од него…“

Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис, во емотивно обраќање до папараците ги повика да се држат на дистанца и да престанат да ја вознемируваат ѕвездата од филмот „Умри машки“, која боледува од деменција, кога ќе го видат во јавност пренесуваат американските медиуми.

Хеминг Вилис во објава на Инстаграм за време на викендот рече дека има уште многу да се научи за луѓето кои живеат со деменција.

Раскажувајќи ја неодамнешната случка во која фотографите се обиделе да разговараат со болниот актер кој пиел кафе со пријателите во Санта Моника, 44-годишната манекенка рече дека е тешко и стресно да се изнесе некого во јавност и да се види безбедно. 

„Ова е обраќање до фотографите и видеографите кои се обидуваат да добијат ексклузива од мојот сопруг“, рече таа и ги повика да држат дистанца.

„Не викај на мојот сопруг прашувајќи го како му оди или што било… Само немој да го правиш тоа. Добро?

„Дајте му простор. Нека нашето семејство… го однесе безбедно од точката А до точката Б“.

Хеминг Вилис и Вилис (67) се венчаа во 2009 година и имаат две ќерки, Мејбел и Евелин.

Нејзиното барање доаѓа неколку недели откако семејството на Вилис објави дека неговото нарушување на говорот, афазија, преминало во форма на деменција наречена фронтотемпорална деменција (ФТД).