Откриен идентитетот на мажот виден со Северина, за неа кажа: „Таа е една од најубавите жени…“

Откриено со кого се забавувала Северина во загрепскиот клуб, станува збор за познат белградски архитект.

Денеска низ регионалните медиуми се прошири снимка од пејачката Северина која во загрепскиот клуб на концертот на Ана Николиќ била видена во интимно друштво на непознат маж.

50-годишната пејачка се обидела да се сокрие од љубопитните очи, но тие успеале да ја снимат на маса до бината, со непознат маж, за кој сите заклучиле дека ги потсетува на нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ.

Таа го прегрна и му шепна на уво, а двајцата ја задржаа насмевката на лицата додека од збор до збор ја пееја песната „Мишо мој“. Во еден момент забележале дека ги снимаат, по што тој се оддалечил од неа, а таа продолжила да се забавува со другарките.

24 часа пишуваат дека тоа е белградскиот архитект Мири Месиховиќ , но ништо повеќе не се знае за нивната врска.

Тој на својот Инстаграм профил сподели само една фотографија од нивните чевли кои можете да ги погледнете во нашата галерија.

А сега се огласи за Јутарњи лист и призна дека меѓу нив нема ништо повеќе од пријателство.

„Северина е секако една од најважните луѓе во регионот, една од најубавите жени од Вардар до Триглав, но, за жал, не сме во никаква врска. Освен што делиме пријателство со Филип Милетиќ, нејзиниот продуцент. И уште нешто, одлично си поминавме во Mint во друштво со уште десетина пријатели“, изјави ексклузивно за Јутарњи Миро Месиховиќ.

Според Курир , таа била придружувана од нејзиниот менаџер Томица Петровиќ, соработникот за односи со јавноста Давор Гргин и продуцентот Филип Милетиќ.