Ердоган го прими Столтенберг во Анкара

Ердоган го прими Столтенберг во Претседателската палата, а состанокот зад затворени врати траеше час и 20 минути

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, го прими генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој престојува во работна посета на Анкара, а ќе го посети и со земјотресот погодениот Хатај.

Ердоган го прими Столтенберг во Претседателската палата, а состанокот зад затворени врати траеше час и 20 минути.

Претходно, Столтенберг во Анкара се сретна и со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

По состанокот со Чавушоглу, Столтенберг изјави дека минатонеделните разорни земјотреси на југот на Туркије се најсмртоносната природна катастрофа што се има случено на тлото на НАТО од неговото основање.

Тој вети продолжување на помошта на НАТО во овие тешки моменти за Туркије.

Шефот на турската дипломатија, Чавушоглу, рече дека посетата на Столтенберг има за цел да ја покаже солидарноста на НАТО.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во областа Кахраманмараш, на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије, уништувајќи илјадници згради и погодувајќи повеќе од 13 милиони луѓе. Во Туркије од земјотресот загинаа најмалку 36.187 лица.

TRT Balkan