Скопските џамии собраа над 157.000 евра за погодените од земјотресот

Акцијата на Скопското Муфтиство беше спроведена во 107 џамии, вклучувајќи ги и средствата собрани преку жиро-сметката на Муфтиството и во неговото седиште.

Џамиите на територијата на Скопското Муфтиство при Исламската заедница на Република Северна Македонија, на 10 февруари по петочната молитва (џума намаз) собраа 157.620 евра за погодените од земјотресот во Туркије.

Оваа информација ја сподели скопскиот муфтија Кенан Исмаили на социјалната мрежа Фејсбук. По тој повод, скопскиот муфтија изрази срдечна благодарност до сите верници од Скопје, верските службеници и џамиските совети.

„Во акцијата организирана во џамијата по петочната молитва се собраа 157.620 евра, средства посветени на земјите погодени од земјотресот, кои ќе бидат испратени до одредената дестинација преку Ријасетот на Исламската верска заедница. Аллах да ве награди за вашата дарежливост!“, пишува Исмаили.

Акцијата на Муфтиството на Скопје беше спроведена во 107 џамии, вклучувајќи ги и средствата собрани преку жиро-сметката на Муфтиството и во неговото седиште.

Според изјавата на муфтијата Исмаили, собраните финансиски средства ќе бидат предадени на турскиот Дијанет (ИВЗ на Туркије).

TRT Balkan