НА ЖЕНА (80) И ОТКРИЛЕ ИГЛА ОД 3 ЦМ ВО МОЗОКОТ Лекарите останале запрепастени кога сфатиле кога и како стигнала таму: Излегла ужасната вистина
Една постара жена од далечниот исток на Русија го поминала целиот свој живот со игла долга три сантиметри во мозокот, открила КТ скен.
Лекарите веруваат дека иглата влегла во мозокот на 80-годишна жена кога нејзините родители се обиделе да ја убијат кога била бебе, а потоа не ја извадиле од страв да не и се влоши состојбата.
Деталите за случајот ги објави локалната болница.
– Ваквите случаи не беа невообичаени во годините на глад. Нејзините родители веројатно решиле да го убијат своето дете за време на Втората светска војна, кога недостигот на храна преовладувал низ Советскиот Сојуз и многу луѓе живееле во сиромаштија. Овој метод со игла често се користел за да се сокријат докази за криминал во – се вели во соопштението.
-Иглата влезе во нејзиниот лев париетален лобус, но го немаше посакуваниот ефект, девојчето преживеа – додаваат во болницата и наведуваат дека пациентката никогаш не се пожалила на главоболки поради повредата и дека животот не е во опасност.
Лекарите продолжуваат да ја следат нејзината состојба.