Заврши должничкото ропство: Донесен новиот закон за извршување, крај за огромните камати!

На денешната собраниска седница беа донесени Измени на Законот за облигациони односи и Законот за извршување, според кои казнената камата нема да може да биде поголема од долгот.

Дополнително, со измените се скрати и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.

Граѓаните нема повеќе за долг од 500 денари да плаќаат десет пати поголем износ од оној кој реално го должеле.

Зе денешните законски измени се огласи и пратеникот од СДСМ, Мартин Костоски, чиј фејсбук статус ви го пренесуваме во целост:

„Крај на огромните камати‼️
Денеска параламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои законски измени: каматата да не биде поголема од долгот ✔️
⭕Конечно ја прекинуваме праксата граѓаните да плаќаат 10 пати поголем износ отколку што навистина должеле.
За долг на сметка од 500 денари имаше случаи кога се бараше наплата од 5.000 денари, затоа што каматата што треба да ја платат им е десетици пати поголема од долгот кој реално го имале. Тоа завршува ✅
⭕Со измените во Законот за облигациони односи и Законот за извршување, казнената камата нема да може да биде поголема од долгот.
📌Дополнително, го скратуваме и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.
❌За жал пратениците од ДПМНЕ и Левица не гласаа за овие законски измени со што уште еднаш ја покажаа својата незаинтересираност за потребите на граѓани
СДСМ е со народот ✊🇲🇰“