Започна спроведувањето на научни истражувања во Меѓународната вселенска станица

 – Првиот турски вселенски патник, Алпер Гезеравџи, започна со научни истражувања во Меѓународната вселенска станица, објави денес Турската вселенска агенција (ТУА).

Гезеравџи и тројца членови на екипажот од Шпанија, Италија и Шведска ќе изведат над 30 научни експерименти и демонстрации во Меѓународната вселенска станица како дел од мисијата Ах-3. Гезеравџи е прв турски патник во вселената и ќе спроведе 13 научни истражувања за време на неговиот 14-дневен престој во станицата.

ТУА наведува дека првиот експеримент, наречен Екстремофит, развиен од Универзитетот „Еге“ во Измир, се обидува да ги открие следните генерации растенија одгледувани во вселената и на Земјата.

Членовите на екипажот на тимот Ax-3, кои успешно пристапија до Меѓународната вселенска станица на 20 јануари со вселенското летало „Спејс икс“, беа пречекани од Експедицијата 70, која моментно престојува во Меѓународната вселенска станица.

Мисијата Ax-3 ја предводи Мајкл Лопез-Алегрија, кој ги претставува САД и Шпанија, а во екипажот се и Валтер Виладеи како пилот од Италијанските воздухопловни сили и Маркус Ванд од Шведска, претставник на Европската вселенска агенција.

Првично полетувањето беше планирано за 9 јануари, но двапати беше одложено за 17 јануари, а потоа за 18 јануари.