Здравковски: Наместо да се заканува со затвори, Нухиу да почне да работи и на учениците да им обезбеди подобри услови за учење и учебници

Читам од сабајле Агим Нухиу вчера се заканувал со затвор за двајца градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ…

Почитуван заменик министер за образование ај вака да ви кажам и укажам некои работи чисто пријателски…

Тие ваши филмови со закани и уцени не палат тука.

На погрешно место ги адресирате заканите и најдобро и најпаметно за вас е да си молчите.

Сета штета што ја имате направено на образованието (и останатите сектори во кои бевте) за изминатите години е штета која ќе има долгорочни негативни последици во наредните децении.

Наместо да паламудите по ТВ и да се повикувате на некој член што вас ви одговара од Законот за Средно образование, имајте доблест и кажете ги останатите членови кои не ви одговараат.

Кажете дека има критериуми на пример. Или можеби треба да кажете дека општината ќе обезбеди превоз до училиштето каде ќе бидат запишани учениците и тука нема никој ништо против. Или кажете дека целта не ви беа учениците туку бројот на паралелки.

Ако толку многу сте загрижен за учениците ќе им обезбедевте подобри услови за учење, ќе им обезбедевте учебници и основно – тие ќе се стекнеа со знаења и вештини кои се доволни за исполнување на критериумите пропишани во конкурсот кој го распиша вашето министерство.

Дотогаш вакви несоодветни изјави и муабети можете да си правите на вашиот универзитет и во Мала Речица…

П.С. И ако бевте убедени дека се крши некој закон досега ќе ги земевте ингеренциите и ќе сменевте директор на гимназијата без око да ви трепне, затоа што од вработените во МОН неофицијално дознаваме дека имало и понуда за нов директор од страна на претставник од СДС во замена за исполнување на вашите неосновани барања.