Зеленски: Војната мора да заврши со „ нов Нирнберг“

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот канал Телеграм објави дека „никој не може да се чувствува безбедно додека Русија не биде поразена“ и додаде дека војната мора да заврши со „нов Нирнберг“, мислејќи на судењето на нацистичките лидери по крајот на Втората светска војна во познатиот „Нирнбершки процес“.

-Секоја манифестација на руски терор, секој ден на агресија е дополнителен аргумент за тврдењето дека сето ова мора да заврши со трибунал – нов Нирнберг против русизмот, изјави украинскиот претседател Зеленски.

„Тоа мора да биде судење на оние кои уништуваат животи и луѓе, кои пукаат ракети врз музеи и наведувани бомби врз цркви. Русија мора да загуби. Светот не може да има друга цел“,изјави Зеленски.