Зеленски покажа каде живее од почетокот на војната: „Тоа е симбол дека војната наскоро ќе заврши“ (ВИДЕО)

„Јас живеам овде“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во филмот на новинарот Дмитро Комаров што беше емитуван на украинската телевизија 1+1 во петокот, пишува агенцијата ДПА.

Зеленски рече дека бил таму и кога започнала руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

Исечок од филмот на Твитер објави и Антон Герашченко, советник за внатрешно-политички прашања на украинскиот претседател.

Прозорците на импровизираното сместување се покриени со дебели завеси.

На креветот има перници и ќебе со цвеќиња за едно лице, а можете да ги видите и телевизорот, столот и работната маса.

Во филмот, Зеленски на камерманите им го покажува својот плакар во кој висат маслинесто зелени и маскирни јакни, а на подот се војнички чизми.

Ова е мојата „обична облека“, рече Зеленски.

„Во моментов не носам одела“, додаде тој.

Меѓутоа, Зеленски потоа вади одело од левиот агол на плакарот.

„Тоа е симбол дека војната наскоро ќе заврши. Ќе победиме“, рече со насмевка украинскиот претседател.